Македонскиот музички уметник Џијан Емин на 24 март ќе настапи во Мец, Франција, како диригент на националниот оркестар „Де Лорен“, заедно со легендарниот диџеј и еден од пионерите на детроитската техно-сцена, Дерик Меј. На концертот ќе гостува атрактивниот композитор и пијанист од Луксембург, Франческо Тристано.
Проектот е најавен како еден од најинтересните во последно време во францускиот град, кој ќе се обиде да ги замагли границите помеѓу двата универзума – електронската и класичната музика, а кои се чини се спротивставени.
Првата концертна соработка на Џијан Емин и Дерик Меј се случи во Антички театар – Охрид во 2014 година, и оттогаш двајцата уметници, со различни оркестри, го прошетаа светот, настапувајќи во Европа, САД и во Австралија.
Извор: Н.М.