Радио Милева

Џиџи Хадид првпат го покажа трудничкото стомаче

Џиџи Хадид првпат го покажа трудничкото стомаче

Бремената Џиџи Хадид на својот „Инстаграм“ објави неколку црни – бели фотографии, а во прв план е нејзиното трудничко стомаче.

Долго време таа ја криеше бременоста од јавноста и едноставно уживаше во кругот на семејството. Се повлече од метежот и замина на село кај нејзината мајка Јоланда Хадид и ги стави зад себе сите грижи. Сега, еден месец пред да се породи, Џиги застана пред камерите и покажа како изгледа.

На едната објава таа кратко напиша: „мојот ангел полека расте“, додека пак на другата напиша (7.26.2020) и најверојатно го означува датумот кога настанал овој едиторијал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

На третата пак објава на „Инстаграм“ познатата убавица само напиша: Ж.

„Благодарна сум на Бога за овој период од животот. Ја почитуваме љубовта и убавите желби кои ги добиваме. Никогаш нема да го заборавиме моментот на правење на овие посебни фотографии. Ви благодарам. Ве сакам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

Иако Џиџи и Зејн не сакаа да откријат дека очекуваат бебе, нивната тајна беше откриена.

To top