Мегафон

Џез вечер со Клод Болинг – Тоот квартет на „Бит фест“

Џез вечер со Клод Болинг – Тоот квартет на „Бит фест“

Како дел од програмата на битолското културно лето “Бит фест 2022“, вечерва со почеток во 21 часот во Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи настанот: “Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на труба и џез пијано трио, во состав: Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас, Филип Шурбевски-тапани.

Четворица академски музичари ќе изведуваат музика за труба, пијано, контрабас и тапани од композиторот Клод Болинг. Оваа музика е микс од класична и џез музика и е приемлива и интересна за секој слушател. Тоот свитата е едно од најзначајните дела во репертоарот за труба, каде трубачот свири на 5 различни труби.

Тоот свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките за изведба.

извор:bitolanews.mk/

To top