Пејачката Џеси Џеј на социјалните мрежи откри дека неодамна била хоспитилизирана поради вртоглавици и недостаток на слух во десното уво.
Имено, 32 – годишната пејачка откри дека на католички Бадник завршила во болница поради Мениерова болест..
Мениерова болест е состојба на ушите која може да предизвика вртоглавици, што значи дека е тешко да стоиш или да одиш на рамно. Симптомите исто така вклучуваат мачнина, вртоглавица и губење на рамнотежата.
„Се пробудив потполно глува во десното уво, не можев да одам право. Ми кажаа дека станува збор за Маниеров синдром. Знам дека многу луѓе боледуваат од тоа и многумина ме контактираа да ми дадат совети, молчев со денови, но сега првпат имам храброст да зборувам за тоа“ вели пејачката.
На Џеси во болница и дале терапија, па била испратена дома.
„Ова искуство беше многу тешко бидејќи имав болка во увото“, додава Џеси.
„Можеше да биде многу полошо, така е како што е. Многу сум благодарна на моето здравје. Драго ми е што навреме ја дознав дијагнозата, сите дознаа за што се работи и ги добив вистинските лекови, па денес се чувствувам многу подобро“, заклучи Џеси.