Пејачката во чии песни ужива публиката ширум светот, Џенифер Лопез, доби тужба поради фотографија која ја објави на социјалната мрежа Инстаграм, поради што сега мора да плати дури 150 илјади долари.
Џенифер на „стори“ објави фотографија со опис:„Денес беше добар ден“, меѓутоа брзо се огласи професионалниот фотограф Мајкл Стујарт кој вели дека ја фотографирал пејачката уште во јуни годинава.
Нему не му се допаднало што Џеј Ло или некој од нејзиниот тим, без дозвола ја користел неговата фотографија, а сега Мајкл сата тоа да го наплати.
Тој како оштета бара да му бидат исплатени 150 илјади долари. Мајкл Стујарт ја тужи пејачката и нејзината продукциска куќа, поради кршење на авторските права.
Истата ситуација ја имаше и Џесика Симпсон, Клои Кардашијан и Блек Чајна.