Латино дивата Џенифер Лопез уште еднаш покажа дека нејзината фигура не е лесно да ја добиеш.
Секој знае дека пејачката изгледа импресивно дури и на 50-годишна возраст, мо таа одново ги „разбуди“ мечтите на обожавателите со фотографии од нејзиниот тренинг, како и оние додека уживаше во костим за капење крај базенот или на плажа.
Фотографиите на социјалните мрежи добија речиси три милиони лајкови за само за еден ден. Ѕвездата позираше пред огледало, а зад неа стоеше опремата за вежбање.
Следбениците беа и овој пат воодушевени, па коментарите се редеа бесконечно. Еден од нив, само со еден збор, кратко и јасно, веројатно најубаво ја опиша: „Ѕвер“!