Летната авантура на Џенифер Лопез и Алекс Родригез во Италија стигна до својот крај. Пред да се врати во САД, парот уживаше во убавините на Нерано и Капри.
Џенифер очигледно знае како да се забавува. Популарната актерка и пејачка ги крена на нозе сите гости во ресторан во Капри со неочекувана изведба на „Let’s get Loud“. Во таа прилика, Лопез носеше цветен фустан од Долче и Габана.