Позната пејачка и актерка призна дека сака да води помирен живот. Во разговор за „Vanity Fair“ таа зборуваше за своите успеси во музиката, филмот, но и за тоа дека сака да се исели од Соединетите Американски Држави.
Џенифер одбра две локации: град во Италија и Бали.

„Би сакала да живеам некаде на другот место од САД, во некое италијнаско гратче или на другиот крај на светот, на Бали“ вели Џенифер и додава:
„Би сакала да имам друг живот каде што ќе живеам поедноставно, каде ќе возам велосипед, ќе купувам леб кој ќе го ставам во мојата корпа, потоа ќе отидам дома и ќе ставам џем на лебот. Потоа, да седнам во столица за лулање и да имам прекрасен поглед. Имам такви фантазии“ вели Џеј Ло.