Радио Милева

Џенифер Лопез се расплака на доделување на наградите, а фановите ја нападна дека солзите се лажни

Џенифер Лопез се расплака на доделување на наградите, а фановите ја нападна дека солзите се лажни

Џенифер Лопез се расплака на сцената за време на доделувањето на наградите People’s Choice и се најде на удар на обожавателите кои ја обвинија дека и се лажни солзите.

Пејачката собра најголем број гласови на публика при гласањето преку Интернет и беше прогласена за икона за 2020 година. Кога и беше врачена наградата, таа не можеше да ги задржи солзите и веднаш им се обрати на своите обожаватели.

“Човече, 2020 година не беше шега, нели? Мислам, пред 2020 година бевме опсесивни околу освојувањето на оваа награда или номинирањето за таа награда, но оваа година ни покажа што е важно, а што не. Ајде да си помагаме, се сакаме, да бидеме љубезни едни кон други“, изјави таа.

„Понекогаш кога сум уморна, како што беше со повеќето од нас оваа година, моето семејство, пријателите, моите деца и моите обожаватели, вие сте луѓето што ме кренавте кога не можев да станам“, рече таа и додаде дека и било чест да настапува на Суперболот.

Меѓутоа, луѓето на интернет започнаа да пишуваат дека пејачката ги глумела солзите.

„Џенифер Лопез не знае да глуми ни кога плаче“, напиша еден корисник на Твитер.

„Го одржа најдосадниот говор, нека престане да плаче“, пишува друг корисник на социјалната мрежа.

To top