Џенифер Лопез по 17 години ја обнови својата врска со нејзиниот поранешник свршеник Бен Афлек.
Имено, парот беше уловен како заедно се враќаат од одмор, но исто така беа фатени како прегрнати заминуваат на заедничка вечера.
Џенифер во една телевизиска емисија призна дека никогаш не се чувствувала подобро.
„Пресреќна сум. Знам дека луѓето се прашуваат како сум, што се случува, дали сум добро. Тоа е тоа. Никогаш не сум се чувствувала подобро. Сакам луѓето кои се грижат за мене, а јас и се грижам за нив, да знаат дека дојдов до точка во животот во која сум си доволна сама на себе. И мислам кога ќе дојдете до тоа, во животот почнуваат да ви се случуваат неверојатни работи за кои никогаш не сте помислиле дека може да се повторат“, изјави Џенифер во интервју за „Apple Music 1“ и додава:
„Ми се допаѓа целата љубов која ја добивам и сите убави желби. Само сакам сите знаат ова е мојот најдобар период во животот“, вели пејачката.
Џенифер и Бен неодамна заедно ги поминаа празниците во Њујорк. Како што пишуваат странските медиуми, парот се надева дека наскоро ќе застане пред олтар.
фото: Профимедиа