Мултиталентираната Џенифер Лопез денеска го прославува 49. роденден. На прагот пред шестата деценија таа има изглед на кој можат да и позавидат и многу помлади колешки.
Со танц се занимава од дете, а тоа е и денес една од нејзините најголеми страсти и покрај тоа што кариерата ја изгради и во музички и актерски правец.
Токму на танцот може да му заблагодари на добриот изглед. Стана препознатлива по облините, дури и придонесе за популаризирање на овој тренд.
Со нејзиниот изглед, го градеше и стилот. Сите го паметат тропскиот фустан на „Версаче“ од 200о година. Тоа веројатно беше и клучниот момент кога медиумите почнаа повеќе внимание да обрнуваат и нејзиниот стил.
Она што е интересно за Џенифер во овој контекст е што не може да се рече дека драстично се менувала, но ниту пак останала иста. Со секое појавување таа привлекува внимание.
Ја гледавме и со долга права коса, но и со кратка и кадрава. Исто така, заедно со Бијонсе, придонесе за популаризирање на таканаречените „голи фустани“.
Воедно, тие се и нејзина препознатливост. Од друга страна, сè почесто ја гледаме и во максимално женствени комбинации, каде дава до знаење дека софистицираноста и елегантноста се нешто што го преферира.
Од друга страна, свесна за својот изглед, не се лиши од ултра кусите фустанчиња и здолништа.
Во продолжение погледнете низ фотографии како се менуваше нејзиниот изглед: