Радио Милева
Симбол на нивната љубов

Џенифер Лопез на раката носи милиони: Нејзиниот свршенички прстен вреди цело богатство (фото)

Џенифер Лопез на раката носи милиони: Нејзиниот свршенички прстен вреди цело богатство (фото)

Папараците ги следеа на меден месец во Париз, а ништо поинаку не е ниту сега кога се во Капри, Италија. Пејачката го привлекува вниманието со неверојатна елеганција, но сигурно не сте знаеле дека нејзиниот свршенички прстен чини колку луксузна куќа.

Бурмата на новопечената г-ѓа Афлек е евтина во споредба со нејзиниот веренички прстен.

– Бурмата на Џенифер Афлек припаѓа на класичниот и безвременски стил! Изгледа како широка платина лента со купола. Прстенот е прекрасен симбол на нејзината љубов и посветеност на Бен бидејќи платината е скапоцена, ретка и трае цел живот. Проценката е дека овој прстен чини околу 1.000 долари – коментирала претседателката на „Platinum Guild International USA“ Џени Лукер, откривајќи ја големата симболика на накитот, пренесува hellomagazine.com.

– Бидејќи природните зелени дијаманти се многу ретки, би проценила дека овој прстен чини најмалку пет милиони долари – изјави Џени за вереничкиот прстен.

Џенифер Лопез неодамна изјави дека Бен Афлек, нејзиниот четврти сопруг, е човекот со кој ќе го помине остатокот од својот живот. Сепак, нејзиниот прв сопруг не мисли така.

Првиот сопруг на Џенифер Лопез, Ојани Ноа тврди дека латино дивата „сака да е заљубена“, но губи интерес откако страста во бракот стивнува, пишува Дејли Мејл. Тој верува дека нејзиниот брак со Бен Афлек нема да трае.

фото:Профимедиа

Останати вести од Радио Милева