Џенифер Лопез на своите 50 години се повеќе воодушевува, а овој пат ги воодушеви фановите кога објави фотографија во бикини.
Имено, пејачката на „Инстаграм“ објави фотографија на која е во бело бикини и во кое ги истакнува своите и зацврстени мускули.
„Опуштена и со наполнети батерии“ напиша Џенифер во описот на фотографијата.
„Лудило“, „Гориш“, „Ќе мора да те блокирам“ се само некои од коментарите.
Ни познатите не ја поштедија за да и остават коментар.
„Убавица“, напиша Наоми Кембел. Музичарот Дипло напиша: „ОМГ“, додека пак Лени Кравиц напиша: „Значи така стојат работите“.