На церемонијата на доделување на „Оскарите“, Џенифер Лопез се појави во сребрен фустан, а на забавата која ја организираше Венити Фер облече син фустан.
Во двете изданија, 49 – годишната Лопез изгледаше прекрасно, а друштво и правеше нејзиното момче Алекс Родригез.
Џеј Ло на својот „Инстаграм“ профил објави видео на кое ја покажа целата постапка за подготвување на „Оскарите“.
Од жена без шминка која може да се види на почетокот на видеото, па до вистинска дива со професионална шминка, фризура и елегантна тоалета.
Многумина се воодушевија од ова позната дама која нема проблем да покаже како изгледа без шминка.