Радио Милева борба за потомство

Џенифер го разголи телото но и душата: Анистон проговори дали Бред Пит ја оставил затоа што не можела да роди (фото)

Џенифер го разголи телото но и душата: Анистон проговори дали Бред Пит ја оставил затоа што не можела да роди (фото)

 

Познатата актерка Џенифер Анистон го разголи телото, но и душата за еден престижен магазин. Таа позираше за насловната страница на магазинот во минијатурно црно бикини на Шанел, кое едвај и ги покриваше брадавиците, а никој не остави рамнодушен. Анистон поискрена од било кога во интервјуто , истакнала дека веќе нема што да крие, ја отвори душата и јавно проговори за нејзината очајна борба да има деца. 53-годишната актерка призна дека жали што не реагирала навреме и да ги замрзне јајце клетките на помлада возраст, откривајќи како ја преживеала тешката борба со неплодноста, а отишла дури и на ин витро оплодување, како и пиење разни Кинески чаеви очајно сака да забремени.

Таа ги отфрли шпекулациите дека нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит поднел барање за развод затоа што не можела да му роди дете, додавајќи дека постојаните гласини за нејзините врски само дополнително ја искомплицирале нејзината битка со неплодноста.

– “Се обидував да забременам и тоа беше навистина голем предизвик за мене. Сите тие години и години и години на шпекулации… Беше многу тешко. Бев на ИВФ, пиев кинески чаеви… Правев се само за да останам бремена“, изјави никогаш поискрено Џенифер Анистон и додаде дека жали што никој не ја советувал да ги замрзне јајце клетките кога била помлада. Денес, вели, е свесна дека никогаш нема да има дете, пренесува „Тпортал“.

„Ќе дадев сè ако некој тогаш ми речеше: „Замрзни ги јајцата. Направи си услуга“. Едноставно не размислувате за тоа на таа возраст, затоа сум таму каде што сум денес. Мојот брод отплови. Во текот на разговорот признала и дека во текот на животот била премногу фокусирана на кариерата, не замарајќи се со тоа дека можеби ќе треба да најде некого, да има деца. Најмногу и пречеле приказните дека Бред Пит ја оставил затоа што не можела да му роди деца:

„Тие велеа дека размислувам само за кариерата, боже прости и  што жената е успешна и нема дете. А причината зошто мојот сопруг ме остави, зошто го прекинавме бракот, беше затоа што не сакам да му родам дете! Сето тоа беа лаги што ги слушав, а денес немам што да кријам!“ А токму за неплодноста има намера наскоро да напише и книга, за да им помогне на другите жени кои минуваат низ истата борба. Како што рекла, до сега не зборувала за тоа бидејќи сакала да се заштити себеси и својата приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

To top