Радио Милева

Џенифер Анистон жали за она што и го кажала на Анџелина Џоли пред да се разведе од Бред Пит

Џенифер Анистон жали за она што и го кажала на Анџелина Џоли пред да се разведе од Бред Пит

Холивудската актерка Џенифер Анистон зад себе има два пропаднати бракови, а првпат се омажи во 2000 година и тоа за колегата Бред Пит.

Нивниот прак траеше пет години, а причината за разделбата наводно беше актерката Анџелина Џоли во која Пит се заљуби за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Во разговор за „Винити фер“ Џенифер проговори за тој дел од својот живот и откри дека Анџелина ја сретнала само еднаш и тоа на паркинг на кој снимала една сцена од сертијата „Пријатели“. Меѓутоа, она што Џенифер и го кажала на Џоли ја растажило.

фото:инсатграм/принтскрин

Имено, нивната средба била нешто пред почетокот на снимањето на филмот во кој Џоли и Пит имаа главна улога.

Џенифер раскажува дека застанала кога ја видела Анџелина, се претставила и и кажала:

„Бред е многу возбуден што може да работи со тебе. Се надевам дека добро ќе се забавувате“. Секако, не ни можела да насети што ќе се случи во блиска иднина и дека сопругот ќе ја остави за Анџелина.

Бред Пит и Анџелина Џоли се венчаа во 2014 година, но нивниот прак по две години неславно заврши, а се уште не можат да се спогодат околу старателството над децата.

To top