Актерката Џенифер Анистон на црвениот тепих позира веќе со децении, но сепак таа смета дека не го прави тоа толку добро како што го прави нејзината колешка Џенифер Лопез.
Џенифер Анистон дала интервју за магазинот „InStyle“ и за таа прилика зборувала за „појавувањата“ на црвениот тепих.
Нејзе позирањето не ѝ е непознато, но исто така таа истакнaла дека Џеј Ло целосно ги совладала појавувањата на црвениот тепих.
„Сакам да знам што ѝ дава таков изглед. Таа е толку прекрасна“, изјавила aктерката од култната серија „Friends“.
Тоа што ѝ се допаднало е опуштеноста и природата на пејачката на таквите јавни настани.
„Лопез е вистински изведувач“, продолжила Анистон.
Кога станува збор за позирањето на црвениот тепих, Анистон ги слуша советите од своите стилисти.
„Ми велат: Никогаш не прави го ова! Или пак „направи вака, направи така…“. Не знам како правилно да стојам на црвениот тепих, но се трудам да го правам најдоброто“, изјавила Анистон.
Модниот едиторијал наменет за ова интервју е во винтиџ атмосфера, а актерката како и вообичаено изгледа преубаво.