Актерката Џенифер Анистон и нејзиниот колега Дејвид Швимер наводно се во врска, пишуваат американските медиуми.
Како што тврди „Closer“, актерот кој живее во Њујорк во последно време долго време поминува во вилата на Џенистон, а наводно многу се зближиле на снимањето на проектот „Friends Reunion“ во кој зборуваа за серијата „Пријатели“ во која глумеа пар.
„Повторното собирање и сеќавањата на минатото ги разбуди чувства кај двајцата и сфатија дека „хемијата“ меѓу нив се уште е тука“, вели извор.
„Поминуваат време во домот на Џенифер, таа готви вечери, уживаат во времето кое го поминуваат заедно, разговараат, се смеат“, додава изворот.
Потсетуваме, Дејвид Швимер призна дека бил заљубен во Џенифер Анистон додека ги глумеа Роса и Рејчел, а и таа сама изјави дека била заљубена во својот колега.
Сепак, Швимер истакна дека секогаш некој од нив бил во врска поради што не ја приминале границата на пријателство.
„Својата љубов ја насочивме кон Роса и Рејчел“, изјави Швимер.
Тие не се огласија по повод овие пишувања.
фото: ЕПА