Целиот свет знае дека холивудската актерка Џенифер Анистон отвори свој профил на популарната социјална мрежа Инстаграм, а за нејзината прва фотографија се крена голема прашина.
Токму таа фотографија каде Џен е заедно со колегите од „Пријатели“, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Кортни Кокс, Дејвид Швимер и Метју Пери, а за две недели доби повеќе од 13 милиони лајкови и исто толку следбеници.
Објавата предизвика општо нарушување, па многу корисници сметаа дека е невозможно да пристапат до нејзиниот профил. Набрзо потоа се појави и официјално соопштение на Фејсбук и сопственикот на Инстаграм.
Џенифер се почувствува одговорана за проблемот и самата реши да и се обрати на јавноста со извинување.
„Се колнам, не сакав да го срушам …“, пишува таа во својот нов пост, кој има и повеќе од 14 милиони прегледи.
View this post on Instagram
I swear I didn’t mean to break it… Thank you guys for the kind, glitchy welcome ❤️
Актерката собори уште еден рекорд што го држеа принцот Хари и Меган Маркл, а по ваквите резултати не престануваат коментарите со прашања какви се тие алгоритми што ги користи Џенифер Анистон.