Радио Милева го остави сите без здив

Џејсон Момоа без трошка срам го покажа задникот во „хавајски костим“ во студиото на Џими Кимел (фото)

Џејсон Момоа без трошка срам го покажа задникот во „хавајски костим“ во студиото на Џими Кимел  (фото)

Актерот Џејсон Момоа важи за еден од најзгодните на светот, а тоа продолжува да го покажува на секој чекор. Без никаков срам се соблече и остана во „хавајскиот костим“ кој ги крие само гениталиите, а го разголува задникот.

Џејсон влезе во студиото во розево долго палто и виолетов свилен костум, по модел на еден од неговите ликови, а се почести и со пиво.

Џими Кимел и актерот имале интересен и хумористичен разговор во кој водителот рекол дека се чувствува безбедно кога Џејсон е до него и дека може сите да ги спаси. Разговорот го продолжија со темата за многуте тетоважи на Момоа, а покажаа и фотографија од актерот кој стана популарен меѓу женската популација, фотографија на која пеца во танга.

Џејсон објасни дека неговиот моден избор е всушност традиционален хавајски костим и дека е исклучително удобен. Тој кажа и дека постојано го носи под облеката, па се соблече и го покажа во емисијата.

Актерот се соблече и уште еднаш ги остави без здив сите жени во студиото, но и тие зад малите екрани.

Фото:Принтскрин/Јутјуб

 

To top