И додека продуцентите се обидуваат да најдат наследник на Даниел Крејг за улогата во бурните акциони сцени од новото продолжение на приказната за неуништивиот британски 007 таен агент, Џејмс Бонд ќе се најде зад воланот на моделот Aston Martin Rapide E, барем како што пишува англискиот Гардиан.
Спортскиот автомобил со четири врати е произведен во само 155 примероци и развиен во партнерство помеѓу Aston Martin и Williams Advanced Engineering, сестринска компанија на F1 тимот на Williams.
Новиот автомобил на Бонд ќе се разликува по детали на надворешноста, но занемарливи во споредба со верзијата што ја користи моторот со внатрешно согорување. Батеријата со капацитет од 65 kWh, како и електричните мотори, се поставени на местото на срцето во конвенционален примерок со V12 ритам.
Ваква поставка на погонската единица обезбедува испорака на 610 коњски сили и 950 Nm максимален вртежен момент, пред се благодарение на претходно споменатиот двоец на електрични агрегати. Ова се рефлектира во забрзувањето кое кај Bond Rapide E е околу 4 секунди, додека максималната брзина на тајниот агент во овој електромобил е околу 250 km/h
Сепак сценаристите ќе мораат да внимаваат, зашто Бонд сите свои бегства и потери ќе треба да ги смести во помалку од 320 километри, колу што е автономијата по циклусот WLTP.
Сепак, електричното задоволство во режија на британскиот бренд не може да се понуди по прифатлива цена. Почетната цена за Rapide E ќе изнесува околу 290.000 евра. Што се однесува до додатоците, ние сме сигурни дека Бонд нема да се откаже од карактеристичните уреди, како што се ротирачките табели на неговиот омилен DB 5 модел.
Извор: Додај гас