Раперот Џеј Зи и сопруг на светски познатата пејачка Бијонсе, важи за еден од најбогатите луѓе од светот на шоубизнисот, а токму поради тоа може да си дозволи што ќе посака.
Тоа се виде на роденденската забава на неговиот колега, раперот Паф деди, кој славеше јубилеен 50-ти роденден.

Имено, Џеј Зи на роденденот дојде во елегантен црн костум, а на неговата рака имаше скапоцен часовник кој вреди цело богатство.
Во прашање е часовник од брендот „Patek Philippe Grandmaster Shime 6300 G“ кој вреди неверојатни 2,2 милиони долари, а изработен е од бело злато и има реверзибилно куќиште.