Радио Милева австриски осигуреник

Џеј оди во инвалидска пензија (ФОТО)

Џеј оди во инвалидска пензија (ФОТО)

По проблемите со срцето и операцијата на залистоците, како и проблемите со гласни жици, популарниот пејач одлучи да си го обезбеди своето постоење. Со години плаќал придонеси во Австрија, како и поголем дел од нашите естрадни уметници, па сега има право да поднесе барање за пензија.

“Повеќе од 20 години, Џеј плаќал здравствено и пензиско осигурување во Виена, што се покажа како мудра одлука. По двете операции на срцето лекарите во Австрија му препорачаа во иднина да работи помалку и да избегнува оптоварување и замор, но тој не ги слушаше.

Дури неодамна сфати дека не треба повеќе да ризикува и дека мора да ги намали своите ангажмани и обврски, па затоа поднесе барање за инвалидска пензија“, вели изворот.
По неколкумесечно чекање, одговорот од надлежните власти од Виена бил позитивен.

“Комисијата го потврди хендикепот и му ја призна инвалидноста, па Џеј ќе добива по 1.500 евра месечно во иднина и се разбира, ќе продолжи да работи, но не толку многу како порано” – рекол соговорникот.

To top