Радио Милева Повторување и кражба на модната историја?

Џеј Ло во фустан како Ирена Спировска, а Ким Кардашијан со корсет како на Каролина Гочева (фото)

Џеј Ло во фустан како Ирена Спировска, а Ким Кардашијан со корсет како на Каролина Гочева (фото)

Во медиумите отсекогаш сме можеле да прочитаме како американскиот пазар на шоубизнисот е главната инспирација за се’ останато што се случува на сцената во светот.

Но, и тоа како се случува токму тие да црпат инспирација од помалите земји и уметноста која тие ја пласираат.

Во случајов е модата во прашање… Имено, неодамна ТВ водителакта Ирена Спировска објави споредбена фотографија на која светски познатата Џеј Ло на католички Божиќ носи црвен фустан сличен во кројот на овој што претходно го носеше Ирена на „Роса фест 2020“.

Ирена како… не, Џеј Ло како Ирена Спировска: И светот „краде“ од нас или латино ѕвездата само има ист вкус како македонската водителка? (ФОТО)

Сега пак, нешто поинаква модна приказна… Сите се сеќаваат на фустанот кој Каролина Гочева во носеше во 2002 година на Еврозизија, а е креација на македонскиот моден дизајнер Александар Ношпал.

По толку години, тимот на Ким Кардашијан можеби се инспирирал од ова впечатливо сценско парче, па и Ким реши да облече многу сличен корсет како оној на нашата Каролина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Споредбите се најдоа на многу фотографии на социјалните мрежи…

…А, ниту Каролина не остана рамнодушна да сподели и да напише:

„Здраво Ноки“, додавајќи смајли емотикони, секако обраќајки му се на Александар Ношпал.

To top