Џенифер Лопез во неделата ја посети Венеција, а причина за нејзиното доаѓање беше ревијата на модниот бренд „Долче и Габана“.
Популарната пејачка избра помпезна комбинација облека за оваа пригода. Таа ги смести своите облини во панталони со цветен дезен, кои ги комбинираше со топ и „круна“. Ниту високите потпетици не беа „обични“, а целиот стајлинг ја комплетираше наметката.
И додека обожавателите се расправаа на социјалните мрежи за тоа дали таа ставила премногу цветни дезени на себе, оние со поостар вид не пропуштија да забележат нештро друго. Нивното „око соколово“ регистрираше етикета со цена што се мавташе под наметката на латино дивата.
„Таа има сто телохранители зад себе, така што некој би можел и да и укаже … Каков гаф“, „Дали е можно толку многу да се избрука?“ – коментираа нејзините следбеници на Инстаграм, додека други се прашуваа и чудеа како тоа можно е такво „шетање етикети“ постојано да им се случува на познатите личности.
„Барем тие имаат луѓе задолжени за нивната гардероба“, „Целиот тим околу неа, и ваква грешка“, напишаа разочараните обожаватели.
Сепак, постојат и оние кои веруваат дека таа намерно ја оставила етикетата за да се пишува за тоа и така да добие публицитет и таа и настанот на кој присуствувала, како и оние кои мислат дека етикетата намерно е оставена за да може подоцна облеката да се продаде по повисока цена, бидејќи ја носеја позната личност како Џеј Ло.
Фото: Profimedia