Радио Милева

Џеј Ло му се врати и му кажа „да“ на Бен Афлек, а пак нејзиниот поранешен си најде помлада од неа (фото)

Џеј Ло му се врати и му кажа „да“ на Бен Афлек, а пак нејзиниот поранешен си најде помлада од неа (фото)

Иако направи завидна кариера играјќи бејзбол, Алекс Родригез можеше да заработи доста пристојно работејќи друга работа – фотограф.

46-годишната бејзбол легенда, кој играше во најсилната бејзбол лига на светот, 22 сезони за Сиетл Маринерс, Тексас Ренџерс и Њујорк Јенкис, е виден како ја фотографира неговата нова девојка, фитнес моделот Кетрин Паџет (25) додека ужива на јахта во близина на Капри, Италија.

Кетрин со насмевка на лицето се извиткува пред објективот на камерата на Алекс, а тој ужива во глетката.

Убавицата за оваа пригода облекла лелеави бели панталони и зелен топ од бикини, додека ја оставила пуштена својата долга, руса коса. Нејзината градба неодоливо многумина ги потсети на поранешната девојка на Алекс, Џенифер Лопез, која исто така може да се пофали со убиствени стомачни мускули и импресивни мускули. Претходно биле видени како разменуваат бакнежи во ноќен клуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 👋🥳 (@entretenidord2.0alterna)

Веста за раскинувањето на свршувачката на Џенифер Лопез и Алекс Родригез минатата година го изненади светот на познатите, а се појавија гласини за измама. Се шпекулираше дека за сѐ е виновна риалити ѕвездата Медисон Лекрој, но поранешната двојка признала дека имале одредени проблеми во врската. Очигледно не ѝ било грижа дали ја изневерува или не, но Џенифер не можела да го поднесе стравот кој настанал меѓу нив.

фото:Инстаграм/Гети имиџис/Твитер

Останати вести од Радио Милева