Пејачот Џастин Бибер признава дека од неодамна се бори со депресија и дека заедно со својата сопруга посетува психијатар. Тој сега ги загрижи своите фанови со објавата на социјалните мрежи и ги замоли да се помолат за него.
Џастин Бибер веќе некое време се држи подалеку од медиумите, избегнува настапи, давање интервјуа и воопшто појавување во јавност.
Само сакам да ве известам за тоа што се случува со мене, надевајќи се дека уште некои ќе се пронајдат во моите зборови. Се борам и мачам. Се чувствувам целосно неповрзано со остатокот од светот и се ми е многу чудно. Секогаш се опоравувам од вакви работи, па ни сега не се грижам. Само сакав да ви се јавам на сите и да ве замолам да се молите за мене. Имено, вашите молитви навистина ми помагаат. Ви благодарам –напиша Бибер на својот Инстаграм профил и ги загрижи своите обожаватели.
Како што пренесува британскиот „Дејли мејл“, пејачот наводно има проблеми во бракот, но неговата сопрга со која неодамна се венчаа не се огласува по тоа прашање.