Радио Милева

Џастин Бибер потроши 25 000 долари за да си го исполни својот каприц, а бесните фанови му порачаа: „Со тие пари можеше да помогнеш на некој“

Џастин Бибер потроши 25 000 долари за да си го исполни својот каприц, а бесните фанови му порачаа: „Со тие пари можеше да помогнеш на некој“

Музичката ѕвезда Џастин Бибер (25) стана познат на своите 13 години, а оттогаш постојано е во центарот на вниманието, што поради музиката, што поради скандалите во неговата кариера.

Пејачот кој моментално со својата сопруга Хејли Бибер ужива во луксузот, овој пат одлучи да купи забни навлаки кои наводно ги платил 25 000 долари.

Тој на социјалните мрежи се пофали со новиот моден детаљ, а она што ги прави забните навлаки поразлични од другите е тоа што се украсени со дијаманти.

фото: Принтскрин/инстаграм

Ваквиот потег на пејачот наиде на негативни рекации кај неговите фанови кои му порача дека тие пари можел да ги искористи попаметно и да им помогне на оние на кои им е потребно.

To top