Еден од најпопуларните канадски пејачи, Џастин Бибер потврди дека боледува од Лајмска болест.
Бибер оваа вест ја потврди на својот „Инстаграм“ истакнувајќи дека е загрозено неговото здравје.
„И додека многу луѓе зборуваат дека Бибер изгледа како го*но, не се свесни дека неодамна му е дијагностицирана Лајмска болест. И не само тоа, тоа влијае на мојот вид, мојата кожа, енергијата и целокупното здравје. Овие работи ќе бидат објавени во документарниот филм кој наскоро ќе биде објавен на Јутуб. Ќе може да дознаете низ што поминував и со што се борев. Тоа беа тешки години, но со терапијата која ќе ми помогне да ја победам болеста ќе се вратам подобро од кога и да било“ напиша Бибер.
За потсетување, Џастин неодамна истакна дека тој и неговата сопруга во 2020 година ќе започнат да работат на проширување на семејството.
Пејачот во документарниот филм ќе објасни зошто луѓето мислеле дека се бори со депресија, а тој се борел со Лајмската болест.
Документарецот ќе биде објавен на Јутуб на 27 јануари, а во истиот ќе зборуваат Џастин и неговите најблиски за тоа со какви симптоми се соочувал пејачот во текот на 2019 година.
Во октомври претходната година, Џастин беше фотографиран како плаче додека оди кон својот автомобил, а во филмот ќе објасни зошто.