Турските актери Џан Јаман и Демет Оздемир кои се популарни од улогите во серијата „Романтичарот“, неодамна беа во Италија.
Актерската двојка гостуваше во популарното италијанско шоу „Verissimo“ кое е најгледано во Италија каде исто така се прикажува серијата.
Медиумите пишуваат и за парите кои ги добиле за тоа во време на корона пандемија да отпатуваат за Италија.
Демет добила 30 илјади евра за да учествува во шоуто, додека Џан 50 илјади евра.
Инаку, Џан Јаман има студирано во Италија, и особено е популарен во оваа земја.