Поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ ужива во љубовта со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кој има два сина. Ивановиќ, која инаку е многу активна на социјалните мрежи, покажа каков е нејзиниот дом каде што ужива со нејзините тројца мажи. Инаку, Ана и Бастијан уживаат во пространиот дом, опкружен со голем двор, кој вклучува тениско игралиште, фудбалско игралиште и теретана, каде Ивановиќ редовно тренира.
View this post on Instagram
– Момците се многу активни, но сѐ уште не покажуваат преголем интерес за некој посебен спорт. Научија да пливаат и скијаат затоа што е забавно. Но, засега толку – изјавила Ана своевремено и открила како изгледа нејзиниот ден:
View this post on Instagram
– Времето кога момчињата се во градинка го користам да се посветам. Вежбам редовно, извршувам деловни обврски. Кога станува збор за релаксација, најмногу уживам во читањето.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм