26 годишниот Андреј Дориќ од Нови Сад кој се прогласи за двојник на Тоше Проески поради неговиот изглед и физичката сличност со нашата музичка икона, формирал свој трибјут бенд во негова чест.
“Тоше Проески Трибјут бенд” својот прв настап ќе го има на 12-ти ноември во еден новосадски клуб. Како што наведуваат од клубот поради пандемијата е ограничен капацитетот на присутните.
Членови на трибјут бендот се: Андреј, Бојан, Горан, Дуле, Денис и Трба, а се работи за се искусни музичари од кои дел имале можност и да соработуваат со Тоше.