Поради пандемијата со коронавирусот, естрадните уметници од Македонија, регионот, па и од светот речиси една година немаат настапи.
Освен тоа што немаат настапи, поголемиот дел од пејачите не издаваат и музички дела.
Бидејќи естрадата е во пауза од настапи во живо, односно во сали, дискотеки, ресторани, арени, со новото ново нормално се појави и нов начин на одржување на концерти односно онлајн концерти,
Па, така вчера (23.02.2021), Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска го имаа својот прв онлајн концерт.
Нивниот настап следбениците можеа бесплатно да го следат преку апликацијата „Youbox“.
Пред самиот почеток, Тијана за нова.рс истакна дека има трема.
„Заедно не сме настапувале, кој ти знае од кога, јас имам трема, Тамара не. Таа никогаш не знаеше што е трема. Од друга страна, јас имам страшна трема“, изјави Дапчевиќ.
Тијана и Тамара ги вкрстија гласовите, па заедно отпејаа свои песни, песни од Тоше Проески, Жељко Самарџиќ, Жељко Јоксимовиќ, Парни Ваљак, Ѓорѓе Балашевиќ.
Илјадници корисници на „Youbox“ го следеа нивниот концерт, а коментарите најчесто беа позитивни.