Вториот дел од летната сезона кафулето Интермецо го продолжува онака како што почна –со одлични журки и врвни диџеј имиња! Најдоброто допрва ќе следува, но ако се држиме до онаа дека денот по утрото се познава тогаш вечерашниот сет на Chris Child и оној на Dino MFU, кој гостува утре, нема дилема дека ова е одлична најава за она што ќе се случува таму, а дека Скопје го има најурбаниот локал и местото со најдобри журки.
Chris Child е роден во Атина и важи за еден од ретките артисти кои секогаш се мотивирани да прават експерименти и да излегуваат надвор од границите на модерната електронска денс музика. Неговото име е позиционирано меѓу најдобрите во соседството и со години важи за резидент во најдобрите клубови, како легендарниот Cavo Paradiso на Миконос. Неговите сетови се микс од хаус до техно, полни со свежина и новитети – резултат на неговите истражувања во музиката.
Dino MFU е еден од најпознатите диџеи во соседството, чии почетоци во светот на музиката се поврзани со Њујорк. Соработкоте со Луи Вега, Тими Регисфорд и Квентин Харис одиграле значајна улога во создавањето на неговиот музички идентитет. Неговиот основен принцип е – никогаш не прави компромис и никогаш не свири нешто што не те претставува, токму во ова се крие неговата посебност. Гостувањето на Дино е закажано за утревечер.