Познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски, почина на 67 годишна возраст на 25.08.2018 година, од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани.
Денес се навршуват две години од смртта на легендарниот актер.
Инаку, Ванчо е роден на 19 април 1951 година во Скопје, а веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии.
-Ванчо беше насмевката. Тој најмногу не веселеше. И на претставите, и по нив, и додека се збиравме овде во бифето на Драмски театар да играме табла, изјавил минатата година Мешковски во интервју за „Женски магазин“ .
Актерот Гоце Тодровски раскажа оти викендичката во Орешани била омиленото место на Ванчо, а Тодоровски од тага веќе никогаш нема да стапне таму.
-Ванчо Петрушевски ни беше како Ален Делон во друштво. Девојките многу го сакаа. Ние останатите се влечевме по него, па така и ние по некоја девојка ќе фатевме, изјави своевремено Тодоровски.
Гоце вели дека со Ванчо поминал 54 години. „Повеќе бев со него отколку со себе“, кажа Тодоровски на комеморацијата во Драмски театар, реченица која ги трогна присутните. Легендарниот актер кој за улогата на Цанде во претставата „Солунски патрдии“ доби награда за фестивалот за театарски игри „Војдан Чернодрински“ , вели дека со Петрушевски бил другар од шесто одделение. Уште од тогаш, правеле детски претстави во училиште, на родителските средби.
-Јас бев одлилен ученик, Ванчо послаб. Но, секогаш се вадеше на неговиот шарм и на снаодливост па и тој добиваше добри оценки.
Тодоровски тогаш додаде дека поради Петрушевски и тој станал актер.
-Ванчо ме натера да се запишам на Факултетот за драмски уметности, да не беше тој, ќе си бев градежен инжинер, рече актерот.
извор: курир.мк