Радио Милева
копи - пејст

Два дена по Анастасија и Цеца го направи истото: Каква мајка – таква ќерка, ама и обратно!

Два дена по Анастасија и Цеца го направи истото: Каква мајка – таква ќерка, ама и обратно!

Викендов Анастасија Ражнатовиќ ја изненади јавноста постирајќи фотогарфија на која се појави со сосема поинаква фризура.

Имено, малата на Цеца, од бринета, стана русокоса… не баш блондинка, ама прилично руса, откако ја бојадиса косата во светла нијанса, која мора да се признае одлично и прилега.

Обично велат: „Каква мајка – таква ќерка“, ама во овој случај работите излегоа сосема обратно!

Имено, само два дена по промената, самата Цеца по примерот на својата ќерка го стоти остотот: ја смени бојата на косата бојадисувајќи ја во отприлика истата нијанса како ќерка и’ Анастасија!

До душа, нијансата им е слична, ама формата различна. Така, на  помалата  косата и е испеглана и права, додека на фолк дивата коста и е виткана, веројатно со фризерско помагало познато како фигаро!

Она што е заедничко за двете е дека и едната и другата промена на дамите од семејството Ражнатовиќ ги зовре социјалните мрежи, на кои „фрчеа“ најразлични коментари,  во принцип – сите позитивни!

А за тоа кој кого копира, или кој кому е „копи – пејст“… проценете самите.

Останати вести од Радио Милева