„Мерак меана“ на Сител телевизија е едно од оние фолк шоуа каде расположението и убавата опуштена атмосфера одат во пакет со песните, па со самото тоа и забавата е загарантирана. И за ТВ гледачите, ама и за пејачите, учесници во шоуто. И не само тоа…
При снимањето како по некое непишано правило секогаш има шеги, смешки и дополнителна забава, особено за поедини „староседелци“ кои се константни гости или незаменливи домаќини во сите досегашни емисии, како што се фолк двоецот Ирена Вељовска и Трајче Толевски – Мајка, на пример.
А во „Мерак меана“ дополнително се случуваат и разни мераци… Повеќето скриени, понекои (полу)јавни, ама сите заедно мошне забавни. Дека меракот е голем “нешто повеќе да се покаже“, во едно од минатите изданија покажа фолкерите. Тогаш сликовито ни демонстрираа дека покрај умешноста со гласот, подеднакво добро го владеат и умеењето со јазикот…
Не помина долго, веќе при следното снимање забавното дуо одново покажа нова умешност… Или поточно – уметност во комуникацијата, каде јазикот е исклучен. И не се во прашање никакви мимики, ниту некаква пантомима, или СМС, Месинџер, Вибер или не знам какви веќе пораки… Туку Трајче и Ирена покажаа дека ним муабетот им оди и кога молчат, па затоа начинот на комуникација воопшто не ги мачи, зашто фолкерите се не само добри пејачи и свирачи, туку и одлични свиркачи!
Кој не верува нека погледне како то Ирена и Трајче се изнамуабетија во „Мерак меана“, а при тоа ни буква, а камо ли збор не изустија. Таа свирни му, тој возврати и’, тој свирни и’, таа свирката прифати ја… И така, како два биљбиља музичарот и пејачката воспоставија совршена комуникација. Што си кажаа, знаат само тие двајцата! Кој кому прв решил да му потсвирне – не се знае, ама не е ни важно… Важно е да ти се погоди свирката, оти на птичката до тебе ако не и годи свиркањето, ќе ти одлета кај друг свиркач…
Добро, ова до душа е само пријателско свиркање, ама сепак… За да не дојде до случајна „дисхармонија“ во свиркачката комуникација меѓу фолкерите, добро е да се потсетат дека секогаш има алтернативно решение. Впрочем се’ уште тука е јазикот, кој како и свиркањето – не е спорно дека го владеат ептен добро!
Кој не верува, уште еднаш нека се увери во нивните „усно – јазични“ способности.
Фото и видео: Инстаграм/ irenaveljovska/