Душко Тошиќ ги изненади сите со најновата објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, бидејќи се одбележува Денот на вљубените, многумина очекуваа Тошиќ да го видат покрај сопругата Јелена Карлеуша, но тој се појавил на друга локација.
Имено, Тошиќ споделил фотографија од својата мајка Николета која држи голем букет цвеќе во рацете и со тоа ги воодушеви своите следбеници, но и целата јавност.
Карлеуша пак, објави фотографии на кои позира опкружена со 3.333 рози, а останува мистерија кој ја изненади дивата за празникот на љубовта со „цела цветна градина“?
Да потсетиме, Душко и Јелена се најдоа во фокусот на вниманието поради ситуацијата која се случи на Божиќ, кога тој наводно и удрил шлаканица пред целото семејство на својата сопруга. Фудбалерот негираше, а пејачката не даде изјава во полиција и реши да не се огласува по повод разните написи во медиумите.
Фото: Инстаграм принтскрин/duskotosic/karleusastar