Радио Милева

Душица Јаковљевиќ откако прележа корона: „Ме болеше кога ме обвинија дека сум го проширила вирусот“

Душица Јаковљевиќ откако прележа корона: „Ме болеше кога ме обвинија дека сум го проширила вирусот“

Водителката Душица Јаковљевиќ помина низ голгата додека се лечеше од коронавирус бидејќи многумина ја нападнаа дека таа ја заразила пола естрада.

По тој повод се огласи и Душица, па ги прокоментира овие обвинувања.

„Во овој момент ми е смешно, но тогаш ни најмалку не ми беше смешно. Според мене, дали сум заразена или не тоа е моја лична работа. Во еден момент беше интересно што многу јавни личности одеднаш започнаа да споделуваат дека се позитивни на вирусот“, вели водителката  и додава:

фото: принтскрин/инстаграм/душицајаковљевиќ

„Цело време апелирав да се носат маски. Се прашувам што е со оние кои седеа дома и имаа полесни симпотми. Јас не заслужив такви обвинувања и таква „хајка“, додава водителката.

фото: принтскрин/инстаграм/душицајаковљевиќдуш

Потсетуваме, Душица беше на прославата за раѓањето на внукот на Цеца, а веднаш потоа во медиумите се појавија написи дека водителката има корона.

To top