Радио Милева
само куса романса?

Душан Влаховиќ „до уши зацопан“ во Сандра – Африка: Српскиот голгетер и ѕвезда на „Јувентус“ одлепил по цицлестата пејачка (ФОТО)

Душан Влаховиќ „до уши зацопан“ во Сандра – Африка: Српскиот голгетер и ѕвезда на „Јувентус“ одлепил по цицлестата пејачка (ФОТО)

Душан Влаховиќ (23) и Сандра Африка (35) се запознале преку заеднички пријатели, а тој наводно не се смирил додека не ја освоил. Пејачката после неколку недели сфатила дека фудбалерот не е за неа бидејќи е незрел, па наводно „го шутнала“.

„Душан и Сандра се запознале преку заеднички пријатели на една приватна прослава. Веднаш му се допаднала, па почна да доаѓа на нејзините настапи со своето друштво. За да го забележи Сандра, тој постојано и нарачуваше песни и даваше големи бакшиш. Го добил и нејзиниот телефонски број, па веднаш се фрлил во акција! Постојано и праќал пораки, но таа не одговарала. Меѓутоа, по некое време повторно се сретнале на забава. И двајцата испиле по една чаша повеќе и почнале да флертуваат“ – вели изворот.
„Се запознале во ресторан во Нов Белград во близина на станот на Сандра. Неколку пати доаѓаа таму на ручек, а потоа почнаа да излегуваат навечер. Една вечер поминаа до доцна во ноќта во кафеана во Скадарлија. Сандра цело време пиела, наздравувала со Влаховиќ, а на крајот на вечерта заедно излегле од пабот. Додека одеа до автомобилот, таа цело време го држеше за рака“.


Сепак, врската меѓу фудбалерот и пејачката не траела долго.

„Се видоа накратко во Белград, а потоа поради клубските обврски тој мораше да отпатува за Италија. Се труделе да ја одржат врската на далечина, редовно разговарале на телефон, но и преку видео повици. Влаховиќ ја повика Африка да дојде кај него, но таа не можеше поради закажаните настапи. По некое време сфатила дека не се еден за друг, дека Душан е премлад за неа, па му раскинала“.

Пејачката не сакаше да зборува за врската со Влаховиќ кој меѓудругото упатените тврдат дека и поради неа е во лоша форма, но за емисијата „Ексклузив“ Сандра откри:

„Прашајте го Влаховиќ дали е во лоша форма поради мене?!“

Таа додаде дека повеќе не сака да се занимава со фудбалери бидејќи тие се „стипси“:

„Фудбалерите се скржави. Не сакаат да платат бакшиш на настапот, како да имаат змија во џебот. Никој не вади 50 евра за бакшиш, а да не зборувам дека некои дури им  се јавуваат на мама и тато да прашаат дали можат да ги потрошат парите?! Сето ова го знам бидејќи ми се додворуваа бројни фудбалери, но нивните имиња никогаш нема да ги откријам“ – категорично кажала пејачката.

Фото: Инстаграм принтскрин/vlahovicdusan/sandraafrika

Останати вести од Радио Милева