Радио Милева

Душан Свилар го возврати ударот на Дара Бубамара: „Не ја знам, која е таа?“

Душан Свилар го возврати ударот на Дара Бубамара: „Не ја знам, која е таа?“

Дара Бубамара како гостин ментор во „Ѕвездите на Гранд“ го подготвуваше Тарик Јашар (17) за вториот круг во музички натпревар „Ѕвездите на гранд“, а нејзината изјава шокираше многумина.

Откако влезе во следниот круг, пејачката му рече на својот кандидат: „Ајде, дете, да ме бакнеш, како се справив со ова за тебе!“

Бидејќи сите се согласија дека Тарик е млад, убав, талентиран и добро образуван, Саша Поповиќ изјави дека го потсетил на Душан Свилар, победникот на една од сезоните на ова музичко шоу.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Тој е поубав од Свилар!Душан е убав, исто така, но малку мртов!“, одговори Дара.

Меѓутоа, изгледа ова изјава на пејачката не го победи Свилар. Тој за ало.рс изјав дека не се пронаоѓа во изјавата на пејачката и дека одамна не го гледа шоуто во кое стана популарен.

„Која е таа?Не знам дали таа мислеше на мене кога кажа дека Душан Свилар е мртов? Не сум единствен пејач со тоа име и презиме. Има уште тројца кои го имаат исто име и презиме како мене“ вели пејачот.

фото: принтскрин

„Одамна не го следам тоа натпреварување и не гледам „Ѕвездите на Гранд“ . Не знам што се случува и не знам кој што коментира. Дотичната не ја познавам, па не знам зошто би мислила на мене кога ме нема запознаено лично“ вели Свилар за „Ало“:

Иако победи во музичкото шоу тој истакна дека не следи новите наптреварувања.

„Навистина немам време. Неодамна имав концерт во Белград и Нови Сад. Се занимавам со пеење на друг начин и се трудам својата кариера да ја градам на културен начин“ вели Душан.

To top