Поранешниот директор на финансовата полиција Ване Цветанов и манекенката, мисица и модел, Дунавка Трифуновска по сите превирања, по се’ изглед не престанле да живеат филмски… Само во кој филм ќе бидат во моментот, зависи од денот.
Овој пат денот беше Св. Валентин – денот на вљубените, па некогаш вљубените, а потоа земените, па разведените, па повоторно смирени, очигледно одново како да се заљубени!?
Имено, откако се земаа пред Прочка минатата година, по само шест месеци бракот им се распадна како кула од карти, со медиумска помпа и статуси по социјалните мрежи, ама затоа пак не мина долго, кога сфатија дека можат да си простат, и повторно да бидат заедно. Можеби не како брачни другари, ама зашто да не како љубовници?
А, Денот на вљубените дури и за разведените беше како создаден за споделување на љубов во неограничени количини, зачинета со симпатични подароци и секако, размена на бакнежи.
Бакнежот на вљубените гулапчиња е евидентен од нивната објавена фотографија… Единствено е нејасно кој од нив двајца бил така галантен и фин, па честел љубовен престој во хотелот „Гранд“ во Бугарија, за Св. Валентин?
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/dunavkatrifunovska/vanetsvetanov