Радио Милева

Дуа Липа и Рита Ора беа неразделни, а сега не се сакаат очи да си видат!

Дуа Липа и Рита Ора беа неразделни, а сега не се сакаат очи да си видат!

Пејачките Дуа Липа (23) и Рита Ора (28) се најдоа во фокусот на светските медиуми поради тоа што се избегнуваа на неодамна одржаната Мет Гала, а како што се пишува пејачките веќе долго време не се во добри односи.

Двете популарни пејачки со албанско потекло, уште од почетоците на кариерата кога се преселија во Англија, беа добри другарки, но според странските таблоиди, веќе не се поднесуваат. Дуа Лупа ја обожаваше Рита и често изјавуваше дека сака да биде како својата постара колешка.

фото:танјунг,асошиејтетпрес

Меѓутоа, како им растеше популарноста почнаа кавгите, а сега целата ситуација ескалирала. Рита и Дуа некогаш се нарекуваа сестри, а нивните родители добро се познаваат, со оглед дека имаат исто потекло.

Пред успешните музички кариери, тие заедно оделе на часови по пеење, а имале и исто друштво во Лондон. Се шпекулира дека причината за несогласувањето е изненадувачка, но и брзиот успех на Дуа Липа, која последната година стана попопуларна од својата постара колешка.

To top