Српскиот пејач и некогашниот победник на „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Лазиќ вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа.
Пејачот се здобил со повреди на главата, има скршена бутна коска, како и неколку скршени ребра.
Дарко итно бил пренесен во болница, а како што пренесуваат српските медиуми докторите успеале да ги стабализираат неговите витални функции и да ја санираат повредата на бутната коса, но се уште нема прогнози за здравјето на пејачот.
Неговите колеги од српската естрада се шокирани од страшната несреќа и преку социјалните мрежи даваат поддршка за пејачот.
Освен од српската музичка сцена, поддршка за Дарко стигна и од Македонија, и тоа од Огнен Здравкоски кој годинава се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“ и Ален Хасановиќ кој пред неколку години учестувваше во музичкото шоу.
Тие на „Инстаграм“ во кратките приказни споделија фотографија од Лазиќ, а во описот напишаа „Држи се, Даре“.
За потсетување, пред да се случи сообраќајната несреќа Дарко бил на приватна забава.
фото: принтскрин/инстаграм