Поранешната сопруга на Бранислав Лечиќ, Нина Радуловиќ и летово ги маѓепса своите следбеници со својот изглед во костим за капење.
Водителката Нина Радуловиќ замина на одмор, а оваа година ја одбра Грција.
Убавата Нина исто како и минатата година е на одмор со синот, а на Инстаграм објави неколку фотографии во костим за капење и уште еднаш ги маѓепса сите со своите атрибути и завидната линија.
Факт е дека Нина по разводот со Бранислав сврте нов лист и се стави на прво место. Многу ослабе, а самодоверба воопшто не и недостига.
Нина позираше во плитко, во дводелен костим за капење, а во преден план е нејзиното бујно деколте.
„Конечно одмор“, напиша таа и откри дека е во Ситонија, а коментарите за нејзиниот изглед продолжија да се редат.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Нина Радуловиќ