Дритон Вејсели или познат како рецепционерот Талат од „Преспав“ ја освои ТВ публиката со оваа улога во македонската хит серија.
Талат со својот хумористичен, интересен, забавен лик ги освои срцата на публиката, па стана еден од омилените актерти на гледачите, а неговите смешни сцени, коментари реакции, изрази на лицето, гестови, гегови и фаци, ќе ве насмеат до солзи.
Дритон има профили на социјалните мрежи, но не е премногу активен и речиси секојдневно да објавува фотографии. Одвреме – навреме, знае да објави по некој пост.
Кога станува збор за неговиот приватен живот, актерот не открива премногу детали, ниту пак открива многу детали од љубовниотживот.
Меѓутоа, Дритон сега направи исклучок. Имено, тој во кусите приказни на Инстаграм објави фотографија со девојка со која се прегрнати, а најверојатно станува збор за неговата партнерка.
Тој ја означи во објавата, а станува збор за Анеса Сабедини, која е наставник по уметност во едно приватно училиште.
На Анеса, Инстаграм профилот е приватен, па не може да се види дали има заеднички фотографии со актерот, но токму профилната фотографија му е со Дритон.
Инаку, Анеса и Дритон моментално се во Барсеолна, Шпанија каде уживаат во знаменитостите на ова убава држава, но и во друштво еден на друг.
Исто така, Талат односно Дритон го променил личниот изглед, па тешко дека ќе го препознаете.
Дритон досега не се огласи за тоа дали има девојка или не, но неодамна изјави дека е заљубен.
фото: инстаграм/дритон вејсели