Радио Милева

Дритон Вејсели или познат како Талат од „Преспав“ пред камерите откри интимни делови од својот живот

Дритон Вејсели или познат како Талат од „Преспав“ пред камерите откри интимни делови од својот живот

Дритон Вејсели или познат како рецепционерот Таљат од „Преспав“ ја освои пулбиката со оваа улога во македонската серија.

Таљат беше гостин во емисијата „Бекстејџ“ каде што учествуваше во играта „Вистина или предизвик“.

Така, Дритон требаше да одговара на интересни и интимни прашања, а доколку не сака да одговори треба да прифати некој предизвик, односно да го испие напиток од лимон, да јаде шампита или да прави склекови и да тверка.

фото: Принтскрин/јутуб/бекстејџ

На прашањето дали се плаши во јавност да излезе негова гола фотографија, актерот одговори:

„Би се исплашил, а и луѓето што ќе ја видат би се исплашиле“, вели Дритон.

Колку време најмногу ти треба да ја запознаеш девојката и да легнеш со неа?

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

„Во такви случаеви мислам дека времето не постои, времето престанува. Би рекол максимум два дена“.

На прашањето дали гледал геј филм за возрасни, Вејсели одговори негативно.

На прашањето да ги рангира актерите Тијана Дапчевиќ, Јелена Јованов, Игор Џамбазов, од  најлош кон најдобар, Дритон прифати предизвик, па ја го испи напитокот од лимон.

фото: принтскрин/јутуб/бектејџ

На прашањето кој е најдосаден актер во Македонија, Таљат прво откри дека Дритон е досаден, а потоа прифати предизвик и ја изеде шампитата.

фото: принтскрин/јутуб/бектејџ

Колку пати си имал секс за 24 часа?

„Седум пати, навистина седум пати“

Дритон пред камерите не сакаше да го сподели неговото искуство со најголемо пијанство, па прифати предизвик и правеше склекови.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

Дали ти е важна големината на градите и на задникот кај девојките?

„Големината на душата е најважна, се зезам. Важни се да.

Дали би простил проновера?

„Не, никогаш не би простил проновера. Ако простам еднаш ќе простам и вторпат, а тоа е нешто што не се простува“ вели Дритон.

фото: принтскрин/јутуб/бектејџ

На прашањето да наброи три позгодни мажи од него, Дритон ги наброја Џорџ Клуни, Бред Пит и Бредли Купер.

Таљат требаше да одбере дали да тверка или да одбере порака која ја пишувал на Вибер на некоја девојка, а тој се одлучи тоа да биде со новинарката од Бекстејџ.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

„Ти благодарам на понудата, но не би можел да го направам тоа..и …супер сум, ти како си? Добро еве…“гласи дел од пораката.

Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу.

За потсетување, пред некое време заврши третата сезона на „Преспав“, а ќе има и четврта сезона.

To top