Мегафон театар

„Драмски театар“ по седум месеци пауза, се отвора за публиката со претставата „Партија реми“

„Драмски театар“ по седум месеци пауза,  се отвора за публиката со претставата „Партија реми“

Драмски театар по пауза од седум месеци се отвара за публиката. Првата престава е вечер, 20-ти октомври 2020 год.со претставата „Партија реми“ во која игра и годинешниот добитник на наградата за животно дело “Анче Џамбазова”, актерот Ѓокица Лукаревски.

Репертоарот на Драмски потоа продолжува со претставата „Чудесна терапија“, на 22-ри и 30-ти октомври, а на 31-ви октомври повторно е најавена изведба на претставата „Партија реми“.

Покрај задолжителното носење на маска и дезинфекција на рацете, при влез во театарот, ќе биде задолжително мерење на температура на секој посетител, ограничен влез по принцип еден по еден со раздалеченост од 1,5 до 2 метра, секој посетител ќе ја носи својата гардероба (јакна, палто) со себе затоа што гардеробата нема да биде во функција и ќе мора да седи сам на седиште со раздалеченост од најмалку 1,5 метар до следниот гледач.

Поделба на улогите за претставата
„ПАРТИЈА РЕМИ “

Автор: Доналд Ли Кобурн
Режија: Виолета Џолева
Костимографија: Лидија Георгиева
ВЕЛЕР МАРТИН, ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ,
ФОНСИЈА ДОРСИ, МАЈА ВЕЉКОВИЌ ПАНОВСКА
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева

To top