Мегафон

Драмски театар – Скопје ги одложува претставите до 22 февруари

Драмски театар – Скопје ги одложува претставите до 22 февруари

Драмски театар Скопје поради моменталната состојба во државата, со зголемен број на Ковид – позитивни лица реши да ги одложи претставите предвидени за следниот период.

Како што објавија, одложени се претставите до 22 февруари и тоа: „Странци“ која беше денеска на репертоар, потоа „Човек перница“ (17 февруари), „Птица со главата меѓу нозе“ (18 февруари), „Чудна случка со кучето во ноќта“ (19 февруари) и „Диши“ на 22 февруари.

 

To top