Мегафон опера

Драматичната опера „Палјачи“на сцената на МОБ на 8-ми април

Драматичната опера „Палјачи“на сцената на МОБ на 8-ми април

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе утре 8-ми април на сцената на МОБ со почеток во 20 часот.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт мајстор: Јане Бакевски, хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев, Васко Здравков, балетските играчи: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Македонската опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан Ковид-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Задолжително е носење на заштитна маска.

To top